Реплек за шест месеци оствари добивка од 36,2 милиони денари

20

replek

Реплек од први јануари до 30-ти јуни оваа година работеше со добивка од 36.218.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од минатата година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 31.787.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од 2016 година достигнаа 362.862.000 денари. Од нив на домашен пазар отпаѓаат 201.349.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 161.513.000 денари.

“Реплек во текот на 2016 година исплати дивиденди и даноци за исплатените дивиденди во вкупен износ од 71.078.000 денари, односно исплата на дивиденда во нето износ од 2.468 денари по акција. Компанијата во текот на 2016 година има приливи од дивиденда од придружени друштва во износ од 39.412.000 денари“, стои во Образложението кон финансиските извештаи.

Во 2016 година, како што се наведува во Образложението, извршена е докапитализација на Реплек АД во Реплек Фарм ДООЕЛ во вкупен износ од 6.000.000 денари. На групациско ниво, во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, се реализирани инвестиции во вредност од 23.700.000 денари.

Главна дејност на Реплек е трговија на фармацевтски производи и медицинска опрема. Дополнително, компанијата поседува супермаркет за најразновидни производи за домаќинство, а се занима и со трговија на долна облека, расветни тела и угостителство.