Решение за автоиндустријата – Jапонската влада дава 5,2 милијарди долари за поддршка на производителите на чипови

146

Јапонија ќе одвои околу 600 милијарди јени (5,2 милијарди долари) од ребалансот на буџетот за 2021 година за поддршка на производителите на полупроводници, вклучително и водечкиот светски производител на чипови Taiwan Semiconductor Manufacturing (TSMC) со кој Јапонија има договор, објави дневниот весник Nikei.

Како дел од пакетот стимулативни мерки, јапонската влада, според Nikei, ќе инвестира околу 400 милијарди јени во нова фабрика што ќе ја гради TSMC во  Кумамото, во југозападниот дел на Јапонија, пренесува Reuters.

Тајванската компанија на почетокот на овој месец најави дека ќе изгради фабрика за чипови вредна 7,0 милијарди долари во Јапонија со групацијата Сони, што беше поздравено од јапонската влада.