Реставрација на куќа во Куратица – кампања на Indiegogo

132

kuka-vo-kuratica

Фото: Facebook

Триесетгодишниот Алек Јосифовски од Скопје планира реставрација на куќа во охридското село Куратица. Тој на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, бара финансиска поддршка од 30.000 долари, коишто ќе бидат наменети за реставрација на оваа куќа. Неговата цел е оваа автентична куќа да ја претвори во мини хотел.

Во 2016 година, Јосифовски ја купил оваа куќа со одлична позиција, но истата е напуштена уште во 60-тите години од минатиот век.

Тој планира со помош на локалните жители на селото, целосно да ја обнови куќата и да ја претвори во атракција што ќе привлекува туристи кои уживаат во природните убавини на ова село.

Проектот Куќа во Куратица предвидува сместувачки капацитет од четири соби и два апартмани, заедничка просторија и оддел за вработените. Секоја сместувачка единица ќе биде целосно опремена со сите неопходни работи што ги има стандардна хотелска соба.