Ресторан во Сингапур послужи месо од лабораторија

132

Пилешко место произведено во лабораторија е послужено во ресторан во Сингапур, што се случува за првпат во историјата на човештвото. Производителите на ваков вид на место се надеваат дека ќе придонесат за намалување на емисијата на штетни гасови што ги предизвикуваат.

Стартапот Eat Just на почетокот на декември објави дека нивното месо изработено во лабораторија, што е изработено од животински ќелии се одобрени за продажба. Сингапур е прва земја во светот што одобри консумација на таков вид на месо.

Стартапот објави дека првите примероци се продадени во ресторан под името 1880 во богата населба во Сингапур. Ресторанот го послужил тоа месо на млади лица на возраст меѓу 14 и 18 години, бидејќи биле ангажирани за “создавање подобра планета“.

Оваа необична вечера не била отворена за новинари поради пандемијата.

Фото: Freepik