Рестораните во Бугарија не посочуваат која храна може да предизвика алергија

22

alergii hrana

Рестораните во Бугарија се уште не посочуваат на видно место која храна во менито може да предизвика алергија, заклучува Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ), по спроведените контроли во преку 1.000 објекти, откако минатата година на 13 декември стапија на сила новите правила на ЕУ за етикетирање, пишува Сега.

Според новите правила, угостителите задолжително треба да истакнат дали во храната што ја нудат има супстанции или продукти кои можат да предизвикаат алергии. Такви може да бидат млеко, соја, пченица, сусам, јајца и др. Информациите треба да бидат поставени на видно место и да бидат читливи. Според БАБХ, рестораните масовно не биле информирани за новите барања, а оние кои знаат за нив, не знаат како да ги исполнат.

Рестораните се пожалиле дека задолжителната информација е премногу обемна. Ако имаат, на пример 100 производи кои се потенцијално алергиски, треба да го сменат речиси целото мени, што значи дополнителни трошоци. Проблем со новите правила за истакнување на алергените имаат и други објекти кои служат храна, како кантини, училишта, болници…