Револуционерна услуга за поврзано работење на компаниите и сметководствените бироа – Pantheon Cloud

27

panДаталаб МК, регионален лидер за деловен софтвер и Македонски Телеком склучија договор за соработка, преку која на македонскиот пазар го понудија најдобриот софтвер за деловно работење и сметководство во регионот, како и најбрзата интернет мрежа и најсигурниот датацентар, сертифициран во согласност со меѓународните стандарди за безбедност. PANTHEON Cloud е првиот софтвер за деловно работење во Р. Македонија, понуден во Cloud модел.

Финансиското работење и водењето на книговодствена евиденција често им предизвикува голем проблем на компаниите, пред се заради немањето доволно ресурси или пак губат драгоцено време во комуникација со надворешните книговодствени бироа. Сепак денес, со напредокот на технологиите и со примената на Cloud решенијата се воведуваат револуционерни промени во начинот на работење на компаниите и на нивните најзначајни соработници – сметководствените бироа.

Pantheon Cloud е софтверско решение за целосна контрола на бизнис процесите во една компанија, коешто го овозможува Даталаб MK во соработка со Македонски Телеком. Станува збор за услуга која што овозможува премин кон електронски начин на работење, што значително го олеснува работењето на компаниите и сметководствените бироа. За успешно работење и пристап до сметководствената програма потребен е само интернет, без никакво вложување во инфраструктура. Со Pantheon Cloud претпријатијата имаат пристап до современо деловно програмско решение, а сметководителите можат електронски да ги разменуваат податоците и да имаат увид и пристап до сите потребни информации за своите клиенти.

shutterstock_113910862Решението е наменето за сите претпријатија, без разлика на големината и дејноста, кои сакаат целокупна поддршка и интеграција во своето деловно работење. Со користење на Pantheon Cloud компаниите побрзо, полесно и на безбеден начин ги разменуваат податоците со книговодствените бироа. Истовремено, компаниите ги намалуваат трошоците, односно исклучени се трошоците за купување и одржување на серверите и лиценците, а немаат никаква друга инвестиција туку плаќаат онолку колку што користат. Дополнително, со преминот на електронско сметководство фирмите имаат прегледност на сите примени и издадени фактури или документација од другите организациски единици, заштедуваат време, добиваат поволна цена и поддршка, ажурирање и постојана законска усогласеност.

Што се однесува пак до книговодствените бироа, тие со примената на Pantheon Cloud имаат широк спектар на поддршка и помош, сметководствена програма по меѓународни стандарди и со највисок квалитет, побрза обработка на податоците на клиентите, повисоко ниво на услуга, како и зголемени приходи.

Цената за месечно користење на Pantheon Cloud продуктот вклучува месечно изнајмување прилагодено на потребите и барањата на сметководствените бироа и клиентите од која било дејност, правно усогласување и надградба на софтверот Pantheon Cloud во согласност со промените во законодавството, база на податоци со соодветен капацитет, како и сигурносни копии на податоците.

Повеќе информации за е-сметководство Pantheon Cloud може да се најдат на  телефонскиот број 0800 88 881 или http://business.telekom.mk/mk/494/IKT_uslugi/E-smetkovodstvo_Pantheon_Cloud.html.

PA_logo