Revolut додаде уште 11 криптовалути во својата понуда за тргување

20

Британската услуга за дигитално банкарство, Revolut додала уште 11 криптовалути за тргување во Велика Британија и во Европската унија.

Станува збор криптовалутите: cardano (ADA), uniswap (UNI), synthetix (SNX), yearn.finance (YFI), UMA, bancor (BNT), filecoin (FIL), loopring (LRC), numeraire (NMR), graph (GRT) и orchid (OXT).

Revolut почна да нуди услуги за тргување со дигитални валути во јули 2017 година, почнувајќи од биткоинот. Дигиталната банка од Велика Британија има 15 милиони корисници ширум светот, минатата година ја зголеми својата понуда на криптовалути во Австралија и 49 земји во САД. Од неодамна во Хрватска и Словенија делува како депозитна банка.

Фото: Pexels