Рим: Со пластично шише до билет за јавен превоз

34

Во италијанскиот главен град, патниците во јавниот превоз може пластичните шишиња да ги заменат за возен билет. Станува збор за апликацијата MyCicero со којашто корисниците ќе може да го скенираат својот личен баркод на посебен уред за рециклирање, да стават пластично шише во автомат и купат дигитален возен билет.

Еколошката иницијатива со која се настојува да се реши градскиот проблем со отпадот, ја покрена градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи.

За време на пилот проектот, којшто ќе трае 12 месеци, уредите за рециклирање ќе бидат сместени на три метро станици.

Програмата “+Ricicli +Viaggi“ (повеќе рециклирање, повеќе патување) на патниците ќе им овозможи пластичното шише да го заменат за кредит од пет центи.

Стандардниот билет за едно возење со метро или за 100 минути во автобус чини 1,5 евра, така што за купување на еден билет доволни се 30 шишиња.

Фото: Pexels