Rimac Automobili добива 200 милиони евра од ЕУ за развој на робо – такси

35

Хрватската компанија Rimac Automobili ќе добие 200 милиони евра грантови од ЕУ за развој на робо – такси.

Проектот за развој на патнички возила без возач, предводен од хрватскиот претприемач Мате Римац, ќе добие 200 милиони евра грантови од пакетот помош од 6,3 милијарди евра на Европската унија за поддршка на хрватскиот план за обновување од Ковид, соопшти производителот на електрични суперавтомобили Rimac Automobili.

“Задоволни сме што е препознаен како стратешки проект предложен за пласман на средства според Националниот план за закрепнување и издржливост. Иднината на мобилноста ќе се промени целосно#, рече Мате Римац, извршен директор на Rimac Automobili и нејзината сестринска компанија Project 3, задолжени за развој на роботакси.

Проектот е активно развиен во последните неколку години. KIA Motors, единица на производителот на автомобили Hyundai Motor Group, веќе е инвеститор и акционер во Project 3 Mobility, а воспоставено е клучно партнерство за Project 3 Mobility со Microsoft.

Фото: Facebook