Римац им симнува капа на своите 900 вработени, а има и за што

104

По 10 години крв, пот и солзи, шетајќи наоколу гледам дека сè си доаѓа на свое место. Ова го пишува на Facebook Мате Римац, хрватскиот претприемач и сопственик на Rimac Automobili, за првите автомобили од пред – сериското производство, коишто се подготвуваат за своите купувачи.

“Капата долу за над 900 вработени кои даваат сè од себе за да се случи тоа. Сите нивни потписи ќе бидат ставени на секој автомобил на купувачите – фигуративно и буквално“, напиша Римац.

Фото: Facebook