Римац преку Facebook бара соосновач на старт-ап

54

rimac

Мате Римац, основач и директор на Римац Автомобили, креаторот на најбрзиот електричен автомобил на светот е првиот кој во Хрватска јавно, и тоа преку Facebook, одлучи да побара косопственик за својот нов старт-ап.

Во првите три дена му се јавиле 40 кандидати, од кои половина ги исполнуваат критериумите, вели Римац за Пословни дневник.

Новиот старт-ап ќе развива и продава нов производ во сегментот на потрошувачка електроника. Првата фаза на развојот на стартапот, односно изработката на концептот ќе ја финансира Римац, додека останатите средства ќе се собираат преку платформа за групно вложување (crowdfunding).

rimac fb