
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените
деривати и горива за транспорт од 02.02.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 67,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,235 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.02.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 33,650 ден/кг.











