РКЕ предлага поскапување на електричната енергија за 3,47%

17

struja

Цената на електричната енергија ќе се зголеми за 3,47%, предлага Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која во текот на денот ќе ја донесе конечната одлука за поскапувањето, пишува Миа.

Новата цена на струјата ќе важи од утре до први јули следната година.

Согласно предлогот на РКЕ, новата цена на струјата за еднотарифните домаќинства ќе изнесува 4,48 денари по киловат часови, а за двотарифните 5,59 денари со 2,8 денари.

Со предлог – одлуката на РКЕ, не се задоволни енергетските компании ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ кои побарале поголемо зголемување поради поголемите трошоци.

“Сметаме дека нашата предлог – одлука ги зема предвид сите ризици по однос на либерализацијата, како и сите оние ризици, според нив, во делот на влијанието на енергијата на обновливите извори, оперативните трошоци во текот на производството“, рече претседателот на РКЕ, Димитар Петров.

Од вкупното зголемување, 1,52% би биле за ЕЛЕМ, 0,66% за МЕПСО и 1,29% за ЕВН Македонија.