РКЕ со нова одлука – мазутот поевтинува

15

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,223 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,609
ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 86,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,00 ден/лит малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 74,00 ден/лит.