Робин Вилијамс во рекламите на Mars, Apple и Nintendo

22

robin

Оскаровецот Робин Вилијамс, кој почина во понеделникот, нема да остане запаметен само по некои од најдобрите улоги одиграни во светот на филмот. Тој својот талент за глума и нарација го покажа и во неколку реклами. Во рекламата за Snikers на компанијата Mars “кризираше” за чоколадо, а Apple во рекламата за iPad Air го искористи неговиот глас и зборовите на “Капетанот” од култниот филм Друштво на мртвите поети (1989). Во рекламата за Nintendo од 2011 година се појавува и неговата ќерка Зелда.