Robomart – автономна продавница на тркала

34

robomart

Фото: robomarts.com

Robomart е иновативен спој на автономно возило и продавница за прехранбени производи. Станува збор за автоматизиран автомобил што во својата внатрешност ќе има најразлични прехранбени производи, коишто на купувачите ќе им бидат достапни со само едно притискање на копче.

Откако тие ќе си ги земат потребните намирници, само ја затвораат вратата од Robomart и го оставаат да продолжи да се движи по патот. Robomart автоматски регистрира кои намирници ги купуваат купувачите, по што им испраќа сметка.

Robomart ќе им понуди соработка на локалните маркети, за коишто овој начин на достава на производите до крајните потрошувачи ќе значи пониски трошоци.

Иако Robomart е во прототип фаза, наскоро започнуваат првите пилот возења во Калифорнија.