Роботи ќе дезинфицираат авиони во Швајцарија

26

Робот којшто со ултравиолетова светлина ги неутрализира вирусите се тестира на швајцарски авиони со цел да се врати довербата на патниците и да заживее авиоиндустријата што има големи последици од пандемијата.

Швајцарската компанија UVeya спроведува тестирање на својот робот со аеродромската компанија Dnata во авионите Embraer на аеродромот во Дубаи,на чартер линии во сопственост на швајцарскиот милијардер Мартин Ебнер, пишува Ројтерс.

Се верува дека роботите би можеле да го намалат стравот од летање на луѓето, дури и додека циркулира коронавирусот, бидејќи оваа технологија којашто се користи повеќе од 50 години во болниците и лабораториите е многу ефикасна и не остава траги.

Еден робот може да дезинфицира помал авион за 13 минути од почеток до крај, а за поголеми авиони потребно е повеќе време.

Тимот на швајцарскиот старт – ап направил три прототипови, од кои еден бил прикажан на аеродром во Цирих, каде што минатата година прометот се намали за 75%.

Фото: Freepik