Роботи со големина на клетка можат да откријат болест во човечкото тело

20

Фото: MIT

Група научници од Универзитетот МИТ го креираа најмалиот робот на светот во форма на микроскопски електронски кола, со големина на клетка пишува Engadget.

Овие микроскопски уреди можат да ја насетат нивната околина, да складираат податоци и извршуваат пресметковни задачи, и може да се користат и за проверка на евентуални протекувања во нафтоводи, гасоводи, итн. Тие би можеле да бидат распоредени и во хемиска рафинерија за да откриваат штетни нуспроизводи или дури и во човечкиот дигестивен тракт за рано откривање на некоја болест.

Инаку, таканаречните колоиди можат да пристапат до средини и да патуваат на начини на коишто другите материјали не можат. Ова не прв ваков обид на научниците. За разлика од досегашните обиди кои се фокусираа на мобилноста на овие уреди, групата научници од МИТ ги направи своите роботи пофункционални.

Уредите се само-напојувани, користејќи мала фотодиода којашто обезбедува моќност на колото на роботите за да овозможи пресметка и складирање на меморија. Секој мал бот има ретро рефлектори како би бил лоциран откако ќе ја помине потребната подлога.