Рокот за пријавување данок на имот истекува на 31 јануари

52

House_PropertyTax-630x410Сите правни и физички лица кои имаат непријавен  недвижен имот или извршиле промена на сопственост на имотот, истата можат да ја пријават до 31 овој месец, согласно со член 29 од Законот за даноци на имот, известува Град Скопје.

Пријавувањето на недвижниот имот или промената на сопственост на имотот може да се изврши во Град Скопје – Скопје, барака број 16, Сектор за финансиски прашања.

Заедно со пријавата треба да се достават следниве документи: копија од имотен лист или купопродажен договор, или наследно решение, договор за подарок (правниот основ со кој се врши стекнувањето или промената на имотот) и лична карта на увид.