Rolls – Royce Ghost прогласен за најдобар луксузен автомобил

30

maxresdefaultНа овогодишните награди за најдобар автомобил, што се одржуваат од страна на What Car?, Rolls – Royce Ghost Series II се закити со признанието за најдобар луксузен автомобил, пишува Luxpresso.

Тој е еден од најпрепознатливите автомобили од брендот, којшто е достапен во повеќе варијанти, а е омилен кај славните личности и оние со подлабок џеб.

Неговото лесно управување и двојниот турбо V12 мотор надополнет со елегантната надворешност и софистицирана вантрешност е само мал ден од она што придонесе за добивањето на престижната награда.

Признанието од What Car? е само уште една во долгата низа на награди за Rolls – Royce.