Rolls Royce ќе гради мини нуклеарки во Велика Британија

59

Компанијата Rolls Royce планира да изгради мини нуклеарни реактори во Велика Британија до 2029 година, пишува BBC.

Оттаму велат дека постои план за изградба и управување со нуклеарни реактори до 2029 година. Малите нуклеарни станици можат масовно да се произведуваат и да се достава на одредена локација со помош на шлепери, со што трошоците можат полесно да се утврдат.

Но, јавноста е поделена, па некои сметаат дека овој план треба да се отфрли. Како причина за тоа се наведува фактот дека Велика Британија би требало во целост да се откаже од нуклеарната енергија и да се фокусира на поевтини обновливи извори на енергија.

Оние кои го поддржуваат проектот веруваат дека мини нуклеарните реактори може да им парира на поевтините извори на обновлива енергија.

Според планот, предвидена е изградба на 10 до 15 вакви мини реактори. Станува збор за мали реактори коишто би можеле да се инсталираат во секој град, а користењето на постоечките локации би го спречило проблемот со обезбедување од терористички напади.

Фото: Facebook