Романија воведува дополнителни даноци за нафтените компании

49

romanijaРоманската влада дополнително ќе ги оданочува со 60% компаниите кои експлоатираат и продаваат природен гас во Романија, вклучувајќи ги и полињата во Црното Море, соопшти агенцијата Медиафакс.

Данокот ќе стапи во сила од 1 февруари и ќе се собира до крајот на 2014 година. Овој данок би требало во државната каса да донесе 62 милиони евра оваа и уште 227 милиони евра во текот на следната година.

Компаниите кои произведуваат нафта и природен гас, во моментов плаќаат меѓу 3,5% и 13,5% данок на производство, во зависност од типот на наоѓалиште што го експлоатираат.

Од 1 февруари 2013 година компаниите ќе плаќаат посебна такса од 0,5% за експлоатација на природни ресурси, надвор од природниот гас. Се предвидува надоместок и за операторите за дистрибуција на природен гас и струја, меѓу кои се италијанската Енел, германската EОН и чешката ЧЕЗ.