Романтична врска на работно место – да или не

182

На љубовта никој не е имун. Да чувствувате привлечност или дури и да завршите во љубовна врска со колегата не е проблем. На работните места ширум светот, луѓето чувствуваат меѓусебна привлечност. Но, со врската со колега го ризикувате работното место ако не ги знаете правилата коишто компанијата ги поставила.

Без разлика дали станува збор за невина симпатија или љубовна врска, одлуките што некој од нас ги носи за љубовта на работното место може да влијаат врз нашите животи на подобро или полошо во текот на многу години.

Ако сте во љубовна врска или само размислувате за тоа, овие работи треба да ги имате на ум.

Бидете дискретни и не дозволувајте вашиот однос да влијае на работата

Никој не сака да гледа “гугуткање“ на заљубени колеги или расправија на нервозен пар. Иако мислите дека вашиот партнер е симпатичен или неверојатен, запомнете дека колегите не сакаат да слушаат за тоа секој пат кога одат покрај вашата работна маса. Јавно прикажување љубов не е дозволено, како и да трошите многу време за разговор со или за вашиот партнер.

Правилник на компанијата

Иако не постојат посебни закони кои спречуваат романса со колега, многу компании имаат правилници за заштита на нивниот бизнис и вработените. Тајноста е вообичаен проблем.

Размислувате за врска со вашиот шеф?

Ако не сакате да го промените секторот во компанијата или да ја напуштите компанијата – не се впуштајте во врска со шефот. Не е соодветно, ниту е прифатливо, некој да поднесува извештај на личноста со која е во врска. Значи, без оглед колку мислите дека можете да се справите, треба да донесете одлука или некој веројатно ќе ја донесе тоа место вас.

Фото: Pixabay