Роверот на NASA успешно слета на Марс

27

Научниот ровер  Perseverance (Истрајност) на NASA, најнапредната астробиолошка лабораторија во историјата испратена на друга планета, се пробил низ атмосферата на Марс и успешно слетал на дното на еден кратер, потврдија од американската вселенска агенција.

На таа локација ќе биде и првата станица на која роверот ќе ја започне својата мисија, да бара докази за постоење на живот на Црвената планета.

Роботското возило патуваше до неговата дестинација седум месеци, поминувајќи 472 милиони километри пред да ја пробие атмосферата на Марс со брзина од 19.000 километри на час и со помош на падобран успешно да се приземји.

Приземјувањето претставуваше најризичниот дел од двогодишниот проект вреден 2,7 милијарди долари, чија првична цел беше да се најдат можни фосилизирани остатоци од микроби кои можеби постоеле на Марс пред околу три милијарди години, кога четвртата планета од сонцето била далеку потопла, повлажна и имала услови да развива живот.

Стив Јурчик, вршител на должноста менаџер на НАСА, го пофали ова достигнување и истакна дека е постигнато и покрај сите предизвици, особено за време на пандемијата Ковид – 19, што дополнително ја отежнува работата на експертите.

Фото: Twitter