Рудници Бањани ќе исплаќа дивиденда од акумулирана добивка

49

rudnici banjani 1

Акционерското друштво Рудници Бањани донесе предлог Одлука за исплата на дивиденда за 2013 година.

Во Одлуката, што е објавена на Македонска берза, се утврдува исплата на дивиденда во висина од 16 денари по акција во нето износ, односно бруто дивиденда од 17,78 денари по акција од акумулираната добивка до 31.12.2008 година.

Пред Собранието на акционери ќе се најде и предлог одлуката за распределба на добивката по оданочување за 2014 година. Според истата, добивката по оданочување за 2014 година во износ од 536.908 денари останува нераспределена.

Според неконсолидираниот биланс на успех, што беше објавен на Македонска берза, прикажа добивка во висина од 537.000 денари во 2014 година.