
Русија оваа година би можела да извезува рекордни количества течен природен гас (ЛНГ) во Европската унија (ЕУ), и покрај желбата на Брисел постепено да ги исфрли руските извори на енергија до 2027 година, тврди меѓународната невладина организација Глобал Витнес.
Врз основа на резултатите за првите седум месеци од оваа година, Кина останува лидер по обемот на увезен руски ЛНГ, а потоа следат Шпанија и Белгија, пренесува Комерсант, пренесува Мина.
Според податоците на организацијата Глобал Витнес, Шпанија од јануари до јули увезла 7,47 милиони кубни метри ЛНГ од Русија, а Белгија 7,08 милиони кубни метри течен природен гас.
Во првите седум месеци од годинава увозот на руски ЛНГ во земјите од ЕУ е за 40 отсто поголем во споредба со истиот период од 2021 година.
Во однос на минатата година, обемот на руски ЛНГ увезен од ЕУ во периодот од јануари до јули е зголемен за 1,7 отсто на годишно ниво.