Русија го претставува првиот целосно електричен авион во јули

22

Русија во јули оваа година ќе го претстави првиот авион со електро мотор, најави заменик премиерот Јуриј Борисов.

“Електричниот авион е заснован на принципите на супер спроводливост направен со Фондот за напредни студии“, рекол Борисов.

Иновативниот електро мотор на база на супер спроводници на висока температура има моќност од 500 kW. Неговите тестирања започнаа на петти февруари, при што авионот Јак – 40 е претворен во специјализирана летечка лабораторија. Едниот од трите мотори што се наоѓаат во задниот дел од авионот е заменет со турбоосовински мотор со електричен генератор, што го разви рускиот Централен институт за авио мотори.

Планирано е новата технологија да се користи за производство на мотори и електроенергетски системи за целосно електрични авиони и хеликоптери, пренесува Russia Today.

Фото: Pexels