Русија им порача на компаниите да се повлечат од странските берзи

74

moscow-stock-exchangeРусија ги повика домашните компании да ги повлечат своите акции од меѓународните берзи и со нив да тргуваат на Московската берза, јавува Блумберг.

На тој начин земјата се обидува да ги зачува домашните компании од меѓународните санкции кои и се наметнати поради Крим, оценува Блумберг.

Компаниите Yandex, VimpelCom и Mail.ru Group Ltd. се единствените руски компании кои котираат на странски берзи, додека компаниите Lukoil, Gazprom и Sberbank се меѓу оние што се листаат на Московската и на Лондонската берза.