Русија има издадено двојно повеќе работни дозволи за странци во 2021 година

53

Во Русија, од јануари до крајот на октомври 2021 година, на странски државјани им биле издадени речиси двојно повеќе работни дозволи отколку во истиот период претходната година, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи за миграција  пренесува агенцијата Тас.

„Во периодот јануари-октомври 2021 година издадени се 1.853.395 дозволи на странски државјани и лица без државјанство (апатриди)“, се наведува во извештајот. За споредба, бројот на издадени работни дозволи во текот на 10-те месеци од минатата година изнесува 971.854.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, бројот на странски мигранти во Русија се зголемил за 2,3 милиони, од минатогодишните 8.327.024 на 10.616.980 лица годинава. Зголемен е и бројот на странски државјани кои добиле руско државјанство, од 504.782 лица во десетте месеци од минатата година на 609.905 во споредбениот период од 2021 година.