Русија има намера да ги забрани криптовалутите

Централната банка на Русија има намера да ги забрани криптовалутите во земјата, бидејќи го гледа растот на крипто трансакциите како ризик за стабилноста на домашниот финансиски систем, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори блиски до рускиот монетарен регулатор.

Дигиталните средства се дефинирани со закон во Русија, но не можат да се користат како средство за плаќање, бидејќи владата верува дека може да се злоупотреби за перење пари или финансирање тероризам.

Според Ројтерс, централната банка сега разговара со играчите на пазарот и експертите во областа за можна забрана, која, доколку биде усвоена, би можела да се примени на нови купувања на крипто средства, но не и на постојните портфолија. Сегашната позиција на Банката на Русија е наводното „целосно отфрлање“ на сите криптовалути.

Британската агенција додава дека на барање за коментар во оваа прилика, централната банка одговорила дека подготвува советодавен извештај во кој ќе го каже својот став по ова прашање.

Според податоците на Централната банка на Русија, годишниот обем на трансакции со криптовалути што ги вршат граѓаните на Русија изнесува 5,0 милијарди долари. Во извештајот за финансиската стабилност, објавен минатиот месец, регулаторот изјави дека Русите се меѓу најактивните учесници во светот на пазарот на криптовалути, пишува Russia Today.

Заменик-министерот за финансии на Русија Алексеј Мојсеев во октомври изјави дека нема планови за забрана на купување криптовалути во странство или употреба на криптовалути во странство. Руските медиуми минатиот месец објавија дека владата има намера да ги оданочи рударите на криптовалути, бидејќи смета дека рударството е деловна активност чиешто признавање како такво ќе им овозможи на властите да ја регулираат оваа сфера и да собираат даноци.

Централната банка на Русија исто така планира да издаде своја дигитална монета.