Русија ја регистрираше вакцината Sputnik Light

19

Еднокомпонентната вакцина против коронавирусот, Sputnik Light е регистрирана во Русија, а нејзината ефикасност е 79,4%, што е многу повеќе за разлика од многу вакцини со две дози, соопшти рускиот Фонд за директни инвестиции.

“Министерството за здравство на Русија, Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија и Фондот за директни инвестиции соопштуваат дека е регистрирана еднокомпонентна вакцина против коронавирус Sputnik Light. Ефикасноста е 79,4% од 28 дена по имунизацијата. Стапката на ефикасност од околу 80% ја надминува стапката на ефикасност на многу вакцини што се даваат во две дози“, се наведува во соопштението.

Вакцината, како што се наведува, е ефикасна против сите нови видови на коронавирусот. Sputnik Light не бара специјални услови за чување и логистика, а има и достапна цена од помалку од 10 долари.

Фото: Pixabay