Русија: Ќе ја престигнеме Швајцарија во извозот на чоколадо

103

Здружението за производство на кондиторски производи (Association of Confectionary Manufacturers – ASKOND) очекува дека Русија ќе ја надмине Швајцарија во извозот на чоколадо во 2021 година, објави оваа руска организација.

“Рускиот извоз на чоколадо и чоколадни производи се зголеми за 18,6% до крајот на првиот квартал од 2021 година. Со оглед на моменталната динамика на извозот, ASKOND предвидува дека руските производители на чоколадо ќе ги надминат швајцарските производители до крајот на 2021 година“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Според податоците на Меѓународната статистика за трговија и агенцијата Comtrade при Обединетите нации, Русија беше на 11-то место во светот според извозот на чоколадо.

Вредноста на извозот на чоколадо изнесуваше 729,2 милиони долари, а беа извезени 295.700 тони, додека Швајцарија беше на 10-то место, со 109.800 тони и 753 милиони долари приход.

Фото: Pixabay