Централната банка на Русија во јануари ќе започне пилот-проект за трансакции со дигиталната рубља, изјави Олга Скоробогатова, првиот заменик-гувернер на Централната банка на Русија.
„Прототипот на платформата за дигитална рубља е подготвен. Веднаш по празниците, во јануари, ќе започнеме со пилот проектот од првата фаза со 12 банки“, рече таа. Првата фаза ќе ги вклучи кредитните организации и имплементираните операции C2C („Content to consumer“), пренесува Танјуг.
Постепен развој на платформата
Втората фаза на тестирање вклучува поврзување на Федералниот трезор и имплементација на функционалноста на ‘smart’ договори како и трансакција на потрошувачите со бизнисот (C2B), бизнисот со бизнисот (B2B), бизнисот со државата (B2G).
Централната банка на Русија потоа има намера да вклучи финансиски посредници, финансиска инфраструктура (берзи, брокери, осигурителни компании и други), како и да спроведе онлајн режим и да обезбеди размена на дигитални рубљи за странска валута.
Развојот на платформата за дигитална рубља ќе биде постепен, со проширување на кругот на учесници и видови на операции, соопшти Централната банка на Русија.











