Русија претставува дигитална рубља на крајот на годината

Централната банка на Русија ќе претстави прототип на дигитална рубља до крајот на тековната година, потврди највисоката руска монетарна институција.

“Само што објавивме извештај за препораките заедно со концептот на дигитална рубља“, рекла првата заменичка гувернерка на централната банка, Олга Скоробогатова.

Таа навела дека монетарниот регулатор ќе развие прототип на крипто платформа до крајот на годината и ќе го следи пазарот за да ги испланира следните фази од проектот.

Руската централна банка концептот на национална дигитална валути го претстави на крајот на минатата година. Се очекува новиот облик на пари да функционира заедно со готовински и безготовински рубљи. За разлика од виртуелните валути, како што е биткоинот, дигиталната рубља е проектирана да го минимизира ризикот, бидејќи ќе се издава од државниот монетарен регулатор, а ќе биде поддржана од традиционалната валута.

Фото: Pexels