Русија разгледува “полесна“ верзија од вакцината Sputnik V

43

Русија разгледува можност за развој на “полесна“ верзија од вакцината Sputnik V против коронавирус, за да пружи привремено решение за пандемијата во земјите што се најсилно погодени од вирусот.

Рускиот суверен фонд, којшто го финансираше развојот на Sputnik V одобрен минатото лето, сега финансира клинички испитувања на вакцината Sputnik Light.

Доколку Sputnik V, којшто е ефикасен повеќе од 90% како што тврди Русија, предвидува примена на две дози за еден пациент, а кај Sputnik Light потребна е само една инјекција.

Ефикасноста на оваа верзија ќе биде помала и може да изнесува околу 85% или помалку во некои случаи. Таа вакцина би можела да биде привремено решение за неколку земји што го достигнаа врвот на пандемијата и коишто се обидуваат да спасат што е можно повеќе животи.

За рускиот пазар, Sputnik V во две дози останува главна вакцина во рамки на голема национална кампања.

Фото: Freepik