Русија размислува да продаде 19% од Роснефт

28

Rosneft oil storage tanksРуската влада размислува да продаде 19% од уделот во државната нафтена компанија Роснефт во рамките на планот за забрзана приватизација на одделни државни претпријатија, изјави министерот за економија Андреј Белоусов.

“На состанокот на владиниот кабинет споменав дека мораме да го забрзаме процесот на приватизација”, изјави Белоусов.

Владата веќе подолго време ја разгледува можноста да го продаде уделот во Роснефт, чија пазарна вредност се проценува на 77,5 милијарди долари. Владата веќе продаде еден дел од ова компанија на британската нафтена компанија Бритиш петролеум.