Русија се договори со ОПЕК + за ново намалување на извозот на нафта

16

Вицепремиерот на Русија, Александар Новак  изјави дека руските власти се договориле со претставници на ОПЕК+ за ново намалување на извозот на нафта на странските пазари.

Деталите од договорот ќе ги соопштиме следната недела, изјави Новак за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Комерсант.

Тој додаде дека договорот за намалување на залихите на нафта ќе биде продолжен до крајот на октомври 2023 година.