Руска вакцина примиле над 20 милиони луѓе во светот

Над 20 милиони луѓе во светот ја примиле руската вакцина против коронавирусот, Sputnik V, објави рускиот Фонд за директни инвестиции.

Вакцината што е развиена во Русија е одобрена во повеќе од 60 земји, коишто заедно имаат 3,2 милијарди жители.

Рускиот претседател, Владимир Путин рекол дека предлогот фармацевтските компании да се откажат од правото на патент за вакцина против коронавирусот е идеја што вреди да се разгледа и дека е отворен за такво нешто.

Произведена е и light верзија на вакцината, што сега е достапна во земјата, а се дава само во една доза и има ефикасност од скоро 80%.

Русија сега има четири вакцини против коронавирусот и произвела 31,9 милиони дози. Целосно се вакцинирани 9,4 милиони жители или 6,4% од популацијата, а 9% ја примиле првата доза.

Според анкетите, побројно е населението што не сака да се вакцинира.

Фото: Pexels