Руската вакцина ќе се произведува во Јужна Кореја

34

Јужнокорејската компанија GL Rapha планира да започне целосно производство на руската вакцина против коронавирусот, Sputnik V, во јануари следната година, известуваат руските медиуми.

Според нив, компанијата веќе започна производство на пробна серија на вакцини што ќе бидат испратени во Русија на тестирање во декември, а доколку сè биде во најдобар ред индустриското производство на Sputnik V во Јужна Кореја би започнала во јануари.

Сите дози на вакцината произведени во Јужна Кореја ќе се извезуваат во земји од Блискиот исток.

Рускиот фонд за директни инвестиции објави дека е постигнат договор со јужнокорејската компанија GL Rapha за производство на повеќе од 150 милиони дози против коронавирус на Sputnik V во Јужна Кореја на годишно ниво.

Фото: Freepik