Ryanair ги зголеми проценките за превоз на патници во наредните години

48

Ирската нискобуџетска авиокомпанија Ryanair во четвртокот ја зголеми својата проценка за бројот на патници во следните пет години, наведувајќи ја побарувачката во Европа и намалениот капацитет во секторот за авионски патници поради пандемијата на Ковид-19.

Најголемиот нискобуџетен авиопревозник во Европа сега очекува да превезува 225 милиони патници годишно до 2026 година, 25 милиони повеќе отколку што беше претходно предвидено.

“Мислам дека зголемената проценка за бројот на патници е само одраз на побарувачката во Европа, на многу места постои јаз меѓу понудата и побарувачката бидејќи другите авиокомпании не успеаја или го намалија капацитетот и ние планираме да влеземе“, изјави извршниот директор Мајкл О’ Лери.

Пред пандемијата, Рајанер превезуваше 149 милиони патници годишно, а сега се очекува да пренесе 100 милиони патници до крајот на март 2022 година, паралелно со закрепнувањето на авиокомпаниите од прекинот предизвикан од пандемијата на Ковид 19.