Ryanair ќе ви ги врати парите ако пронајдете поевтин лет

23

plane

Фото: Pixabay

Авиокомпанијата Ryanair ќе им ги враќа парите на сите патници кои ќе пронајдат поевтин лет од нивниот. Освен што разликата во авиобилетите ќе им биде вратена, патниците на својата сметка ќе добијат и дополнителни пет евра. Оваа одлука е дел од новиот оперативен план на авиокомпанијата за 2018 година, објави Тravel and leisure.

За патниците да ја искористат оваа понуда, треба да пронајдат летови што се планирани да полетаат од истиот аеродром во истиот ден со разлика од неколку часа помеѓу нив.

Како дел од новата стратегија, една од најпознатите нискобуџетни авиокомпании вети и дека 90% од нивните летови ќе бидат спроведени навреме, без доцнење.

Сепак, сите детали за оваа понуда ќе можат да ги најдат на офицјалната веб страница на Ryanair.