Ryanair со загуба од 273 милиони евра за три месеци

19

Нискобуџетната авиокомпанија, Ryanair соопшти дека во периодот од април до јуни оваа година, во однос на првиот квартал од фискалната година, има загуба од 273 милиони евра.

Во споредба со истиот период лани, загубата на Ryanair беше 185 милиони евра.

Причина за зголемување на загубата на ирскиот авиопревозник е откажувањето на големиот број на летови за време на велигденските празници, поради обновување на рестриктивните мерки воведени во европските земји.

Во исто време, оперативните трошоци на компанијата се зголемија, што предизвика влошување на билансот на состојба. Трошоците на крајот на јуни оваа година беа за 116% повисоки одошто лани, најмногу поради поскапување на горивото и зголемување на цените на аеродромските и другите услуги.

Фото: Pexels