РЖ Економика лани работеше со загуба од шест милиони денари

20

rz-ekonomika

РЖ Економика ланската година ја заврши со загуба од 6.062.000 денари, стои во неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, компанијата евидентираше добивка во висина од 1.891.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2016 година изнесуваа 14.489.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 19.729.000 денари.

РЖ Економика се занимава со трговија на големо и мало на резервни делови, како и со издавање на деловен простор и давање услуги од областа на сметководствено финансиско советување.