РЖ Економика оствари загуба од 1,3 милиони денари за шест месеци

42

rz-ekonomika

РЖ Економика првото полугодие од 2016 година го заврши со загуба од 1.377.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Првите шест месеци од 2015 година за компанијата беа заокружени со добивка од 4.947.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период од 2016 година беа 6.963.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 14.358.000 денари.