РЖ Економика за три месеци прикажа добивка од 1,1 милион денари

47

rz-ekonomika

РЖ Економика, од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 1.186.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје лани, компанијата евидентираше загуба од 691.000 денари.

Од јануари до март 2017 година, РЖ Економика оствари вкупни приходи во износ од 4.670.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 3.850.000 денари.

Основна дејност на РЖ Економика е трговија на големо и мало на резервни делови.