РЖ Институт АД Скопје на Листата за набљудување на Берза

161
Од Македонска берза информираат дека на 26.03.2021 година Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачот РЖ Институт АД Скопје на Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото РЖ Институт АД Скопје на Листата за набљудување е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што е поведена претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над друштвото.