РЖ Институт прокнижи добивка од 1,3 милиони денари во 2013

27

rz institut

РЖ Институт минатата 2013 година ја заврши со добивка од 1.321.000 денари, покажува Извештајот за сеопфатна добивка, објавен на Македонска берза.

Оваа компанија се соочува со намалување на добивката која, според извештајот, во 2012 година била на ниво од 11.810.000 денари.

Во текот на минатата година, РЖ Институт евидентираше приходи од продажба во висина од 206.999.000 денари, додека трошоците на продадените производи и услуги биле 152.950.000 денари.