РЖ Техничка контрола прокнижи 13,3 милиони денари добивка за девет месеци

15

rz-tehnicka-kontrola

РЖ Техничка контрола, од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 13.381.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2015 година, компанијата оствари добивка од 10.449.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од јануари до септември 2016-та година изнесуваа 66.808.000 денари. Вкупно 66.550.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека 258.000 денари отпаѓаат на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е техничко испитување и анализа. Компанијата дава услуги за физичко – хемиски и металуршки испитувања од областа на индустријата, рударството и металургијата.