РЖ Техничка контрола прокнижи 861.000 денари добивка во првото тримесечје

21

rz-tehnicka-kontrola

РЖ Техничка контрола во првите три месеци од годинава работеше со добивка од 861.000 денари, покажува билансот на успех за периодот од јануари до март 2017 година.

Во првото тримесечје од 2016 година, компанијата прикажа добивка од 2.619.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви март изнесуваат 19.952.000 денари. Од тој износ, поголемиот дел или 19.940.000 денари се остварени на домашен пазар, додека остатокот од 12.000 денари е реализиран преку извоз.

Основна дејност на компанијата е техничко испитување и анализа. РЖ Техничка контрола дава услуги за физичко – хемиски и металуршки испитувања од областа на индустријата, рударството и металургијата.