РЖ Техничка контрола со добивка од 8,1 милиони денари во 2015 година

25

rz tehnicka kontrola

РЖ Техничка контрола АД Скопје, во период од први јануари до 31-ви декември лани, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 8.126.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Компанијата минатата година ја заокружи со добивка во вредност од 5.162.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година беа на ниво од 79.885.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 77.588.000 денари.

РЖ Техничка контрола се занимава со техничко испитување и анализа. Компанијата дава услуги за физичко – хемиски и металуршки испитувања од областа на индустријата, рударството и металургијата.